Порта Македонија чини 10 милиони евра. Со десет милиони евра замислете каков студентски град ќе направевме. Но не, тие не инвестираат во иднина, тие инвестираат во минато од гипс и стиропор и затоа ќе одговараат, рече Рената Јајоска членка на Извршниот одбор на СДММ.
– Избори на 5 јуни нема и тоа е заедничката победа, но тука не застануваме бидејќи бараме да се реализираат сите наши барања, итно да се повлече аболицијата и да одговараат сите криминалци што напрациле криминал. Нема да дозволиме Иванов, фикусот да биде сламка за спас на криминалците. Нема да дозволиме Влада на чело со диктаторот Никола Груевски, тоа е минато, тој е политички пензионер на кој му преостана само една работа, да одговара за секој криминал што го сторил. Македонија стана рекордер на иселеност на млади, млади кои секојдневно си заминуваат, рече Рената Јајоска од СДММ.
Таа истакна дека протестираат повеќе од 23 градови кои гласно бараат итно да се повлече аболицијата на Ѓорге Иванов, рамо до рамо за нормална, а не контра Република Македонија.