(ВИДЕО) Граѓаните масовно собираат пари за тужбите кон учесниците во Шарената револуција

Од:

Хуманите граѓани масовно даваат поддршка на Шарената револуција која во кафе барот Излет собира финансиски средства за демонстрантите кои заработија кривични пријави поради фрлање боја кон државни институции и кон триумфалната порта, како и за оштетување на канцеларијата на Иванов на Рекорд.

– Собираме средства за можните натамошни казни кои следат, знаете дека имаме нови седум кривични пријави. Ние ќе организираме и други настани за собирање средства и помош на Шарената револуција, рече Александар Младеновски од Шарената револуција.

Граѓаните нагласија дека донации ќе се собираат до крај на работното време на кафе барот, каде очекуваат да соберат пари најпрво за да се плати казната за членовите на Левица, кои повеќе од месец и половина се во домашен притвор

– Освен што е за конкретните наши другари кои што диктатурата ги обвинува за разни дела, е пред се поддршка за сите нас бидејќи се уште не сме ослободени до крај и со диктатурата ќе имаме уште многу битки, едноставно, сакав да дадам поддршка на сите оние кои што потрошија толку многу енергија, барем уште малку да соберат, рече Ѓунер Исмаил.

Демонстрантите истакнаа дека ова нема да биде единствена акција и дека вакви слични настани ќе се оранизираат почесто.

– Ова е собирање на средства за плаќање на налудничаво осудени глоби, ништо повеќе. А нашето собирање е со една цел, соборување на овој режим, рече Драган Георгиев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска