(ВИДЕО) Гоговски: Теарце заслужува подобар и просперитетен живот

Од:

Војо Гоговски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Теарце денеска на прес-конференција изјави дека Теарце заслужува подобар и просперитетен живот и дека тој заедно со тимот се залага за зголемување на економскиот раст и вработеноста со отварање на нови работни места во земјоделството како рурална општина, пораст на животниот стандард на граѓаните, заштита на животната средина, а со тоа и подобар живот на општина Теарце.

– Остварувањето на овие заложби ќе биде со посветена работа од мене и сите членови на мојот тим.
За таа цел, ќе реализираме повеќе проекти:
1. Обезбедување на локации за отварање на откупни центри за земјоделски производи.
2. Обезбедување на локации за отварање на погони за откуп, преработка и промет на други шумски производи.
3. Обезбедување на локации за отварање на погони за флаширање на вода за пиење.
4. Изградба на Основно училиште за паралелките од македонски наставен јазик во село Непроштено.
5. Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во село Доброште.
6. Субвенции за набавка на печки за пелети.
7. Субвенционирање на домаќинствата, односно надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колекторски системи во домаќинствата.
8. Реконструкција на водоводот со чиста вода за пиење во село Лешок. Целосна реконструкција на видоводната мрежа на водоводор на село Лешок бидејки системот е во многу лоша состојба и има големи загуби на вода.
9. Изградба на нов резервоар за чиста вода за пиење во село Непроштено.
10. Изготвување на урбанистички планови за сите населени места во општина Теарце.
11. Улично осветлување на населените места во општината.
12. Земјоделство и добра земјоделска пракса.
13. Инфраструктура за развој на земјоделството.
14. Рехабилитација на системот за наводнување.
15. Развој на Рурален туризам и Планински туризам.
17.Реконструкција на црквата Свети Никола во село Одри.
18.Конзервација на црквата Свети Архангел Михаил во село Непроштено.
19. Изработка на тротоари на пристапниот пат во село Лешок.
20. Изработка на тротоари на пристапниот пат во село Непроштено.

Доброто на граѓаните, решавањето на нивните проблеми и потреби е наш приоритет. Нашиот слоган е секогаш работа, секогаш Македонија, граѓаните знаат кој работи за нив и создавањето на подобра иднина за нивните деца. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се што ветува и реализира, рече Гоговски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет