(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Дали набавените 240.000 бланко обрасци за пасоши се со името Република Македонија или со Северна Македонија?

Од:

„Зоран Заев и Оливер Спасовски или го кршат Уставот и законите набавувајќи бланко обрасци за патни исправи со променето име Северна Македонија или прават криминална зделка во која што набавуваат огромна количина обрасци со името Република Македонија, а за десетина дена планираат да го сменат уставното име.

Министерот за прогон и тортура Оливер Спасовски неодговорно и криминално управува со МВР и буџетот со кој располага ова министерството. Според информациите кои ги објавија медиумите околу 240.000 бланко обрасци за пасоши чекаат на царина на само неколку дена пред гласањето на уставните промени во Собранието“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта која најави гласање на уставните измени до 15 јануари набавила околу 240.000 бланко обрасци. Дали овие обрасци се со името Република Македонија или со името кое Заев и Ципрас го договорија?

Доколку обрасците се со името Република Македонија, а власта го промени името на државата во Собрание тогаш тие 240.000 обрасци вредни милиони евра ќе бидат неупотребливи и ќе треба да се уништат, а парите дадени за нивна набавка ќе бидат директна штета за државата.

Во вториот случај доколку обрасците за пасоши се со името Северна Македонија, што ќе се случи доколку името не помине во Собрание, дали повторно истите се неупотребливи и ќе треба да се уништат.

Заев и Спасовски мора да одговорат, колку ќе ги чинат граѓаните нивните аматерски потфати? Колку пари од буџетот наместо за целисходни работи ќе завршат по кој знае кој пат на буниште?

Дали ваквата набавка на обрасци кои потоа ќе се уништат е всушност планирана активност на власта и зад истата се кријат бизнис интереси?

Заев и Спасовски се должни да одговорат!

Набавката на обрасци за пасоши на само неколку дена пред гласањето на уставните измени во Собранието за промена на името е неодговорно трошење на парите на граѓаните.

Ваквиот аматеризам и неодговорен однос кон МВР и парите на граѓаните мора час поскоро да запре. Очекуваме Оливер Спасовски да смогне сили и да понесе одговорност за сите пропусти и грешки кои ги направи изминатиот период раководејќи со МВР“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски