ВИДЕО: Фрчковски ги избрка „чуварите на спомениците“

Од:

Здружението за заштита на спомениците, кое се појави ден по по колумната на Љубомир Фрчковски во „Фокус“ денеска отидоа на факултетот за да му однесат француски клуч „за да ги размонтира спомениците“.

Од непознатото досега здружение кажаа дека му го доставиле клучот и останува на Фрчковски да одлучи дали ќе се извини пред граѓаните или ќе го употреби за размонтирање на спомениците.

Фрчковски во колумната во Фокус напиша:

„Ако ДУИ сепак позитивно изненади и излезе од Владата тогаш треба да се подготви ново владејачко мнозинство, а не техничка влада. Имено, тоа мнозинство би имало 64 пратеници (еден повеќе од сегашното) и би било сериозно стабилно за целосно владеење до крајот на овој владин мандат. Нема потреба од брзање или чувство на нелегитимност. Можноста ДПМНЕ да улови мал раст на рејтингот со тоа што ќе биде демек симнат од ДУИ не може да се мери ниту од далеку си крадењето на 100.000 гласови кога ДПМНЕ ги организира изборите. Дополнително ќе му се оневозможи заплашување на администрацијата (30-ина илјади гласови). Тоа значи дека ДПМНЕ ќе си дојде на вистинската мерка. Се е подобро од уште едни избори организирани од ДПМНЕ (посебно вонредни какви што планира во ноември). А потоа, ааа потоа! Ќе ни остане една концептуална уметничка акција, сите со француските клучеви и растурај тоа спомениците“.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски