(ВИДЕО) Фрчкоски: Треба да се преговара за Горна Македонија

Од:

Најоптимално решение за името би било да се преговара за името Горна Македонија. Но, како што рече проф. Љубомир Фрчкоски, на денешата дебата „Македонија денес“, во овој момент тоа прашање не може да се отвори заради создадената атмосфера во државата и одбивањето на премиерот да ја преземе таа одговорност.

– Не Горна Република Македонија, за нас е клучот Горна Македонија, тоа е ознака на државата. Тоа прави разлика, ова другото е зафрканиција. Кај идентитетот ние мора да се држиме до Македнци за јазикот и нација, тука нема дилема. Меѓутоа има дипломатски варијанти како тоа ќе го решат, дали со фуснота македонски, па доле ќе објаснат декас овие Македонци се од Горна Македонија или различно ќе ги пишуваат на кирилица и латиница – не знам, за тоа се преговара.

Професорот Фрчкоски говореше и за спорната точка 8 од предлогот на медијаторот Нимиц, која се однесува на тоа дека никој нема ексклузивно право да го користи името Македонија. Точките за идентитетот секогаш ги имало во предлозите на Нимиц. Тие треба позитивно да се решаваат и да се каже – сите да го користат, вели тој.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска