(ВИДЕО) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери, нагласувајќи дека јавноста заслужува одговори и транспарентност.

– Дозволете да коментирам на линија на секој мој коментар кога станува збор за таква работа. Прво очекувам да има објективно прикажување на работите, фактите да се знаат во јавноста. Доколку е потребно да има истрага и да биде задоволена правдата. Ние во изминатиот период видовме многу најавени скандали, бомбастично од одредени портали, од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ коишто немаа никаква разрешница. Да ве потсетам имаше најава некаква за поткуп на премиерот, понатаму дека бил следен со дронови, понатаму дека ќе има дестабилизација и еве сега некакво следење. Денеска има изјава и од поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, и тој самиот вели, еве, барем нека се декласифицираат информацијата, па да видиме каква е вистината. За да нема лов на вештерки, лов на вештерки, лов во матно мислам дека граѓаните јавноста го заслужуваат тоа, рече Филипче.

СДСМ повикува институциите да постапат одговорно и да ги обелоденат сите релевантни информации, за да не се злоупотребува безбедносниот систем во политички цели и дневни пресметки.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он