(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, по повод 122 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, изјави дека неговите идеи, пораки и вредности се живи и актуелни и после еден век подоцна.

„Фасцинантно е како денеска, повеќе од 1 век од времето во кое живеел и делувал нашиот најголем револуционер, великанот Гоце Делчев, неговите пораки се актуелни,“ изјави Филипче.

Тој потенцираше дека дел од визиите на Делчев денес звучат дури и поактуелно отколку во неговото време, и дека тоа е јасен сигнал дека како општество сè уште имаме многу работа пред себе.

„Тоа е само знак и сигнал дека треба уште многу напорно да работиме, да ги имплементираме сите тие негови пораки од визијата за слободна и независна Македонија.“

Во време на глобална технолошка трансформација, доминација на вештачка интелигенција и социјални медиуми, Филипче повика на враќање кон суштинските вредности што ги промовирал Делчев – единство, заедништво, културен натпревар и градење на национален идентитет преку прогрес, а не преку изолација или пасивност.

„Ако Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација – ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна. Ако кажал дека треба сето да се разбере како поле за културен натпревар на народите, треба да работиме во таа насока – а не младите да го сфаќаат светот како поле за карта во еден правец. Ако кажал дека Македонија е полето каде што ние треба да делуваме, треба сите заедно да сфатиме дека само заеднички можеме да направиме тоа – да ја унапредуваме и надградуваме Македонија, и со човечки капацитет и со вредности“ рече Филипче.

СДСМ веќе го започна процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори ширум државата, рече претседателот Венко Филипче денеска во одговор на новинарско прашање. Тој додаде дека клучен приоритет на СДСМ е да се промовираат личности со кредибилитет, реална поддршка од заедницата и капацитет за спроведување на програмите.

„Да ги промовираме најдобрите кандидати од сите општини – луѓе од самите средини, кои имаат најголема поддршка и кредибилитет. Луѓе кои можат да ги испорачаат програмите, и вредносно и политички. Еден дел од кандидатите веќе се знаат – тоа се дел од актуелните градоначалници. Имињата ќе ги соопштиме во текот на следната недела. Мислам дека до крајот на јуни веќе целиот процес ќе биде завршен.“ рече Филипче.

Претседателот Филипче посочи дека во тек се и разговорите за коалициски партнери за локалните избори.

„Ние веќе го започнавме процесот на разговори и пронаоѓање партнери за следниот период, за циклусот на локални избори. Еден дел од преговорите постепено веќе се заокружуваат, други траат, а трети допрва ќе почнат.“ рече претседателот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, Филипче ниту го поседува ниту го поседувал возилото Ауди

Зошто обвинителството има различен третман во однос на поклонот на Мирчевски и поклонот Ауди Q8 од 130 000 евра на Филипче

(ВИДЕО) СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

А1он

СДСМ: Колку докази исчезнаа додека Тошковски и Јанев ги штитеа полицајците кои сега се приведени?

А1он

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој пат обновата на патот Охрид-Свети Наум

(ВИДЕО) Костовски: Јанев, Тошковски и Мицкоски се одговорни што нема целосна правда за трагедија во Кочани

Горан Наумовски