(ВИДЕО) Фазлиу: Забележани се неколку инциденти и обиди на една партија да наштети на изборниот процес

Од:

Фатон Фазлиу од Движењето Беса денеска на прес-конференција изрази загриженост во врска со неколку обиди на една политичка партија да направи инциденти и разни проблеми со намера да се оштети изборниот процес.

– Досега имаше разни проблеми, како што е случајот на затворањето на две гласачки места во Гостивар, заканувањето на неколку наши набљудувачи и обид за купување гласови во општина Сарај, неправилности во неколку избирачки места во општина Бутел, обидот за правење инциденти во општина Чаир, но реакцијата на органите на редот досега докажува дека нема да се оштети изборниот процес, рече Фазлиу.

– Исто така, имаме и точни информации за разни криминални обиди од група и банда на една партија која што е позната за овој начин на постапување, но овој пат се судрија со отпорноста на народот кој позитивно им одговара со излегување на гласање, додаде Фазлиу.

Тој додаде дека ова е денот кога народот ја зема судбината во свои раце и дека денешната одлука ја означува нивната судбина за четири години.

– Секој кој седи дома и не излегува да гласа треба да знае дека е безчуствителен кон својата иднина и кон своите деца. Сепак им се заблагодаруваме на сите оние кои ја извршија оваа граѓанска одговорност, рече Фазлиу.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата