ВИДЕО: Џамбаски ја нарече Македонија бугарска, МНР протестира во Софија

Од:

Министерството за надворешни работи (МНР) денеска преку Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија до бугарското Министерството за надворешни работи упати протестна нота во врска со објавеното видео на пратеникот во Европскиот парламент и заменик-претседател на партијата ВМРО-Бугарско Национално Движење (ВМРО-БНД), Ангел Џамбаски.

Од МНР вечерва соопштија дека ќе ги известат и соодветно ќе реагираат и до институциите во Европската унија.

Џамбаски во предизборниот спот, илустриран со кадри од Скопје, Охрид и други локации во Македонија, вели дека „има каузи кои се поголеми од секого и од сe“, додавајќи дека за неговата партија, предводена од Красимир Каракачанов, таква кауза е Македонија.

-Постојат каузи кои се поголеми од сите и од било што. Од секоја политичка ситница. Поголем од која било злонамерна политичка тема. За мене, за нас од ВМРО – таква кауза е Македонија. Македонија на оние Бугари кои ја сакаат, кои ја наследија и кои никогаш не ја заборавија. На Бугарите кои живеат во Македонија. Македонија на оние Бугари кои ја изградија модерна Бугарија. Колку пострашно ја измислувате вашата нова лажна историја, толку погласно ќе се уриваат лажните темели што сте ги изградиле вашата патетична сегашност ќе се распаднат. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски Охрид останува. Колку погласно ги врескате лагите, толку побрз и поужасен ќе ви биде крајот, вели Џамбаски во спотот.

Според нашето Министерство за надворешни работи, ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји.

-Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и на земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени, се вели во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

Која гаранција ќе биде конечно доволна за Мицкоски, прашува Филипче

ВИДЕО: За Македонија нема „план Б“, да ја спроведе преговарачката рамка – порака од Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарскиот парламент со декларација ќе отфрли било каков „план Б“ за Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Матурантка во Бугарија на прославата пристигна во багер, со трубачи

А1он

Мицкоски: За време на Хашкиот самит во НАТО да има билатерална средба помеѓу претставниците од кај нас и од Бугарија

Претседателот предложи, а бугарскиот парламент го одби референдумот за еврото

А1он