Гордост и чест е да се биде со луѓето кои секојдневно ја пишуваат новата историја на нашата земја и го трасираат патот на светлата иднина на нашата земја, рече пред демонстрантите Аднан Џаферовски, член на Извршниот комитет на СДСМ.
– Иднината се гради сега, иднината се гради денес, иднината се гради секој нареден ден. И дозволете ми да им се обратам на оние кои се уште немаат собрано храброст да ни се придружат.
Седењето на страна, стравот, трпењето, молчењето или по некоја изјава од типот јас не можам ништо да сторам повеќе од ова не даваат резултат, не во оваа ситуација кога дузина криминалци ни ја имаат окупирано државата, кога ни е одземена слободата и правдата. Ќе се бориме додека не ги вратиме правдата и слободата, рече од пред Владата Џаферовски.