ВИДЕО: Два милиони за мебел за барокната зграда на правда

Од:

Министерството за правда ќе купува мебел. По новата барокна фасада министерството објави тендер за набавка, изработка и монтажа на канцелариски мебел.

Проценетата вредност на тендерот е 2.203.390 денари без вклучен ДДВ или околу 36.000 евра.

Зградата на министерството за правда неодамна доби нов изглед во барок. Црвена фасада, бели столбови, алуминиумски прозорци искомбинирани со златна „Јустиција“, божицата на правдата е новиот изглед на министерството кое наиде на потсмев кај граѓаните но и на социјалните мрежи.

Дел од коментарите на социјалните мрежи беа дека мора да престане уништувањето на Скопје со кич фасади и пластични реплики.

Рефасадирањето на зградите во центарот на градот во барок е во полн ек. Власата веќе подолго време го менува изгледот на Скопје.

Вакава појава на реплики од минатото забележани се во некои делови на Кина.

bosker_originalcopies_4ps

ББС неодамна објави текст за кинеската верзија на Венеција, на белата куќа па и на Стоунхенџ.

Дел од странските медиуми кои го анализираа проектот на власта „Скопје 2014“ го опишаа како новиот Дизниленд.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски