ВИДЕО: ДУИ го прослави својот 19 роденден и најави „Зелена агенда“

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја најави новата зелена агенда на прославата на 19 роденден на партијата.

На прославата која се одржа во Градскиот парк во Скопје, се одржа кратка манифестација на која говор одржа единствено Ахмети, а публиката беше во главно составена од млади луѓе.

„Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ, заедно со многу други предности на нашите граѓани“, рече Ахмети.

Тој најави дека е време да се прифатат нови зелени политики за подобрување на животната средина во нашата земја.

Во јавноста се шпекулираше дека на овој настан ќе биде соопштен предлог кандидат за градоначалник на Скопје со кој коалиционите партнери ДУИ и СДСМ заедно ќе настапат на локалните избори.

„Неколку пати дадов коментар за коалициониот партнер ДУИ, тие денеска ќе кажат тоа што имаат да кажат, јас го поздравив заради тоа што сум информиран и се радувам што растеме, унапредуваме и се модернизираме“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, непосредно пред манифестацијата на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Кој го допира албанскиот јазик, го допира самиот основ на државата

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат