Конечно во Скопје заврна дожд кој ги освежи улиците и жителите на градот после континуираните високи температури кои го надминуваа 40-тиот степен.
Дождот ги затекна неспремни граѓаните кои се движеа низ градот и кои се растрчаа кон блиските стреи за да се засолнат.
Временската прогноза за денеска предвидуваше нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови. Нестабилноста се очекуваше да биде позастапена во западните и јужните делови од земјава, како и во планинските региони.
По се изгледа дождот нема да се повтори утре кога се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен североисточен ветер. За попладне се предвидува ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, но во западните делови и во планинските региони.