(ВИДЕО) Донев до Георгиески: Соберете храброст и започнете со рушење на дивоградбите во Охрид

Од:

„Охрид и крајбрежјето на охридското езеро станаа место за несоодветна градба и урбано развивање, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој. Охрид стана синоним за дивоградби.

Зошто локалната власт и Георгиески дозволија Охрид да биде на врвот на листата со дивоградби и зошто покрај рокот за легализација свесно дозволија да се изградат стотици дивоградби?

Дали тоа е фактурата за спроведениот изборен инженеринг“, прашува Сашо Донев, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Зарем УНЕСКО требаше да Ви каже дека бетонската база е изградена во населено место на стотина метри од Охридското Езеро и од болницата Св. Еразмо Охридски?

Но очигледно треба да Ви посочи некој дека оваа дивоградба е темпирана еколошка бомба и за езерото, и за животната средина и здравјето на граѓаните.

Градоначалникот конечно се одважни да почне со исполнување на препораките од пред две години кои требаше до сега сите да се реализирани, од она што е напишано во последната точка и последниот ред во извештајот на УНЕСКО, а тоа се палмите.

Се разбира, полесно е да се отстранат палмите отколку да се отстранат стотици диви градби од кои најголемиот број никнуваат токму последниве две години. За охриѓани, но и за туристите, ќе следат состаноци, одлуки, преговори и договори во врска со истите, но нема да следи и отстранување и конечно запирање со неконтролираното градење во Охрид.

За УНЕСКО ваквите претстави повеќе не поминуваат.

Господине Георгиески, Соберете храброст како татко на градот, одважете се и започнете со рушење на дивоградбите како што тоа го сторивте со палмите, и престанете со замајување на јавноста.

Ако сте свесни за критиките на УНЕСКО, веднаш реагирајте!“, изјави Сашо Донев, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ