(ВИДЕО) Додовски им се лути на медиумите, дознале за притворот на Сеад Кочан пред него

Од:

Адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додовси рече дека нема добиено никакво решение за мерка притвор за Сеад Кочан и дека не може да каже ништо додека се дознаваат преку медиуми.

– Како медиумите пред обвинетиот, пред одбраната добиле информации или решение дека некој е во притвор не ми е јасно, дури и на веб страната на Основниот суд побаравме информации, нема. Треба медиумите да објаснат како наместо на обвинетиот, нив им се дава информација дека е притворен, рече Додовски.

Според него, невообичаено е како медиумите дознале пред одбраната и обвинетиот дека е одредена мерка притвор.

– Информацијата не е од судот, кој ја дал можеби вие можете да ми помогнете да ми објасните, но на одбраната и обвинтетиот мора да им се достави решение. Додека не им се достави решение на одбраната и обвинетиот, Сеад Кочан е слободен граѓанин, смета Додовски.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вели дека ниту тие не го добиле решението за притвор, но судијката ја известила дека денеска ќе им биде доставено.

– Тоа ќе помогне во истрагата за „Труст“. Ние го почитуваме судот и ќе го почитуваме кога работи законски. Сметам дека секој функционер треба совесно и чесно да си ја завршува својата службена должност и овластување, рече Јанева.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он