(ВИДЕО) ДКСК: Нема непотизам во случаите со пратеничката Александрова и градоначалникот на Берово

Од:

Два предмети од првите 18 кои Антикорупциската комисија ги отвори за можен судир на интереси при вработувањето на роднините на функционерите, веќе се затворени.

Станува збор за случаите поврзани со ќерката на пратеничката Емилија Александрова, која имало информации дека се вработила во Фондот за иновации, но констатирале дека таа не конкурирала воопшто и не се вработила таму. Додека другиот случај е поврзан со сопругата на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, за која утврдиле дека работела во училиштето и пред сопругот да биде избран за градоначалник, но со договор на дело и потоа по автоматизам се трансформирал работниот однос во редовен работен однос.

За вработувањето на ќерката на Талат Џафери во ЕЛЕМ, претседтаелката на ДКСК Билјана Ивановска која работи на премдетот, вели дека се бараат дополнителни информации за случајот, појаснувајќи дека според стручноста, Бесија Џафери има завршено Правен факултет, магистрирала со 10 и поседува правосуден испит, но дека не се знае по кој критериум била избрана на конкурсот за вработување каде имало пријавено тројца кандидати.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев