Бидејќи многу работи се чудни во оваа наша држава, почнале да викаат се живо и диво на информативни разговори, па белки ќе се информираат и ќе знаат нешто повеќе, рече пратеничката од СДСМ, Лидија Димова.
Оваа влада убива. Да се потсетиме на Зоран Таневски, човекот кој веројатно ќе влезе во Гинисова книга на рекорди како единствениот кој успеал да се самоубие со кофа вода. Се сеќавате ли на Мартин Нешковски, Никола Младенов и уште многу знајни и незнајни луѓе кои што животот го дадоа за оваа држава не знаејќи дека Груевски манипулира. Нема да имаме држава се додека поранешниот аболициран премиер на Република Македонија не стане иден затвореник, рече Димова.
Според неа, корупција може и ја има само кај Власта, затоа што тие имаат пристап до парите, тие одлучуваат што ќе прават со парите на граѓаните, тие во државата прават споменици наместо енергетска ефикасност.