(ВИДЕО) Димитров: Преку јапонската агенција за развој „Џајка“, договараме поддршка за РЕК Битола

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска беше во посета на Битола и изјави дека му претставува чест да биде во градот на конзулите и го поздрави, како што кажа, идниот градоначалник на овој град, Наташа Петровска.

– Имам една убава вест, дел од тоа можеби е најавено во периодов, меѓутоа во преговори сме и во прилично последна фаза ги договараме условите на делумно евтин кредит, евтин грант со јапонската агенција на развој JKA за нивна поддршка и со нивната компанија Мицубиши во однос на РЕК Битола, производството да биде многу почисто и поеколошко. Мислам дека тоа е доста важно прашање и за Битола како град и воопшто за Македонија како држава, рече Димитров.

Тој рече дека како држава мора да си ги отвориме перспективите и да си ја отвориме иднината. Димитров рече дека мора да ги убедиме младите дека имаат иднина во Македонија, а за тоа треба дома да имаме ред и систем што ќе биде чесен.

– Треба да имаме визија каква Македонија сакаме за 5 години од денес, за 10 години од денес. Да знаеме дека има место за нас во ЕУ, да знаеме дека нашиот пасош ќе вреди, да не трчаме по други пасоши. Сакам да дадам една поддршка, јас како што знаете не сум член на политичка партија, но меѓутоа мислам ние за жал уште немаме луксуз за партиски натпревар бидејќи ни беше срушен и понижен системот, рече Димитров.

Тој додаде дека имавме очигледна неправда, институциите не реагираа, и дека се организиравме како нација и општество.

– Успеавме првиот чекор да го направиме минатиот декември, сега треба да го направиме завршниот чекор на 15. октомври. Имаме уште 8 дена, покажавме дека како нација имаме сила да кажеме „Не“ на очигледно лошо, сега треба да покажеме дека имаме сила да си го изградиме системот посилен од што беше. И затоа мислам дека можеби следниот пат ќе има некаков натпревар, сега уште нема. Сегашната битка е да си ја спасиме и да си ја изградиме Македонија да ни биди поцврста и да ни биде сигурна, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов