(ВИДЕО) Димитров: Ни требаше ваков бокс за да се разбудиме

Од:

Вие го браните Уставот од претседателот. Вчера читав, шестотини евра казна за тиа што ќе го навредат претседателот, сакам да прашам кој претседател, на што претседател? Дали е претседател на Македонија или претседател на криминалот? Кој ќе ја плати навредата што тој ни ја направи, не тресна од земја како нација. За историски скандал како што не сме имале од 1991 година, тој целата политичка класа сакаше да ја направи недопирлива. Тој на идната генерација и порача-деца станете политичари и правете што сакате. Тој не стави на светскиот столб на срамот, рече Никола Димитров пред Владата.

– Не е доволно да си ја повлечеш таа аболиција, па уште на рати. А знаете зошто ја повлече? Заради вас. Знаете зошто странците помагаат? Заради вас. Јас ги прашав, добро ќе не оставите ли да пропадне, да стане земја каде нема правда, тие велат ние не можеме да ја сакаме Македонија повеќе од вас. Каде сте? Еве сме. Претседател на срамот. Изгледа ни требаше ваков бокс, да се разбудиме, да гледаме напред да размислиме каква Македонија сакаме. Сакаме да има ред и закон, или сакаме неправда и криминал? Сакаме да има слугување или сакаме да има слобода? Сакаме да има граѓани или сакаме слуги, рече Димитров пред демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска