[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Протестот заврши, по улиците е мирно. Еден час по инцидентот на мостот „Гоце Делчев“, дел од демонстрантите беа приведени, а дел потиснати кон „Мавровка“. Бегајќи извикуваа „Етничка Албанија“ и „УЧК, УЧК“.
По мостот и пред Новиот театар останаа камењата со кои толпата маваше по полицијата.
На видеото на А1он се гледаат и демолирани возила и искршено полициско возило од новите „Шкода Јети“.