Со тоа му доаѓа дека јас го носам факелот на слободата, аманетот и апелот кој што доаѓа од Судот, за кој ќе треба да чекаме до понеделник да распламти повторно и тука да го додадеме на нашето огниште кое што треба да пламти со многу слобода, рече пред демонстрантите Мариглен Демири.
– Без демократија нема слобода, но без социјална правда нема демократија, нема љубов, нема слобода, нема соништа, ни ги укинаа соништата. Сакам да упатам апел до моите другари, особено до оние кои што доаѓаат од внатрешноста до Скопје само за да прошетаат, како што некои богаташи шетаат до Париз, Лондон, Њу Јорк. Другари вмровци, овие гниди не закрвија, направија една визуелна оптика чудна, смешна со која не разделија сите. Не разледија етнички, па мора да се тепаме, не разделија партиски за да се богатат, рече Демири.