(ВИДЕО) Дамјански: Зошто да плаќаме дупли здравствени придонеси?

Од:

Никаде во соседството нема ваков закон за даночење на хонорарите, а посебно пензионерите да бидат изземени од истиот. Во Словенија, Србија и Хрватска постои методологија за пресметување на придонесите, но никако не се изземени пензионерите.

Во овие земји и не се плаќаат дупли здравствени придонеси. Зошто овој придонес што е опфатен со платата, да се плаќа уште еднаш со 7 проценти за секој земен хонорар? Ова мора да се корегира или да се одложи од примена, реагираше претставник од Авторската агенција БЕРИН, Ванчо Дамјански.

Според него, сите авторски агенции инсистирале да се прецизираат правилата за имплементација на новите закони, но немало никаква соработка со надлежните министерства.

-Законите и измените се толку нејасни, што цело време баравме правилници кои сеуште ги нема а како што изгледа нема ниту да ги добиеме. Сеуште немаме правилник, никакви напатствија со кои можеме да истапиме пред корисниците на авторските услуги. Второ, застапена е нееднаквоста во овие закони. Замислете случај кога има двајца што земаат хонорар за одредена услуга – едниот има износ под минималната плата, а вториот има малку над минималната плата. Вториот ќе плати 30 и повеќе проценти од неговиот хонорар и ќе добие помалку пари од првиот што земал под минималната плата, рече Дамјански, на отворената дискусија за оспорување на уставноста на законите за плаќање на придонеси на хонорарите во организација на ФООМ и платформата Ајде.

Би можело да ве интересира

УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Бугарија ги укинува таксите за транзит на рускиот гас кон Србија и Унгарија

Орце Костов

Ковачевски на Денот на даночници: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Предраг Петровиќ

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Стопанската комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен

Горан Наумовски