– Има клетва која вели да ти се сотре огништето, тоа а најлошата клетва. Домот наш не е само станот, туку нашиот град и тоа е обид за уништивање на огништето наше, рече професорот на Институтот за историја на уметност и археологија, Никос Чаусидис.
– Мојата младост ја поминав овде на ова место кое се вика Ванила, Мусандра, Драгстор. Може ги нема како наслови, но ги има како простор. Кога поминувам се сеќавам на моите љубови, ако некој ми го промени тој простор, нема потреба да останам повеќе во овој град, рече Чаусидис.
Денеска гледаме виртуелна архитекриура, ако денеска гледаме архитектура која што е лага и не доаѓа од времето од кое сугерира, од кое доаѓа, тогаш таа архитектура е лага. Дали се согласувате да живеете во лага, праша Чаусидис.