Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски на конвенцијата на “ВМРО за Македонија“ кажа дека вистинските вмровци се со коалицијата предводено од него, Љубчо Георгиевски и Стојанче Ангелов.
-Овој пат нема да биде лесен , ова наше искачување ќе биде тешко, но ја имаме снагата, но за нас вистинските вмровци само врвовите хималајски можат да бидат лимит, рече Бшкоски.
И никакви нагаѓања дека ќе сме освоеле еден пратеник, два, три или пет не држат, во овој момент никој не знае колку ќе освоиме освен вие, граѓаните, рече Бошкоски.
На Македонија и е доста од лажни ветувања, од големи партии со големи идеи но со ништо конкретно реализирано за малиот човек. Во Македонија десетици илјади граѓани се социјални случаи. Има ли некој кој нема чедо, брат, кој е иселен од Македонија, кој не заминал во странство? Македонија е иселена земја, во која младост нема, рече Бошкоски.
Македонското земјоделие, се зборува за големи субвенции, а ништо од откупот, ништо од она што се нарекува македонска култура, или што ќе каже мојот брат од Чифлик, непродадениот ориз или мојот брат од Тетово со непродаденото жито. Ништо не направивме ни за нашите професори и наставници да имаат пристоен живот, рече Бошкоски.
Мораме Македонија да ја кренема на нозе, да ја кренеме од живиот песок, да направиме историската мисија. Негативните критичари ќе кажат дека ние не можеме тоа да го направиме, ќе не етикетираат, ќе ни се закануваат, ќе прават се за да останат на власт, но ние овојпат го имаме народот зад нас, и ние знаеме како да се справиме со проблемите со кои е соочена Македонија денес.
Македонија е поделена меѓу браќата Македонци, се поделивме по сите основи, но тука сме да кажеме збогум на дележите македонски и треба да се обединиме.
Некои велат дека ме замолчиле, дека се плашам, но не, нема такво нешто и тоа ќе стане јасно на сите. Но омразата ќе им ја оставиме, зошто мразат само неспособни, нереализирани во животот, кои се обидуваат да станат политичари, кои немаат ништо во нив, а се нарекуваат луѓе, рече Бошкоски.