Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Од:

Напаѓачот кој потешко го повреди таткото на Самоил Костадиновски внук на Љубе Бошкоски кој исчезна пред четири месеци, испукал три куршуми кон Љупчо, едниот од нив го погодил во рамото и му скршил коска, а другиот во пределот на главата, ни нема животнозагрозувачка повреда, неофицијално дознава „А1он“.

Поради повредата, Костадиновски ќе биде опериран за да се санира повредата, а од клиниката „Мајка Тереза“ не даваат информации колкава е сериозноста на истата.

Претходно „А1он“ објави дека напаѓачот пукал во движење, возејќи мотоцикл додека Љупчо се враќал од градинка каде што ја оставил внуката.
Неофицијално, напаѓачот точно знаел кога се движи Љупчо Костадиновски од градинка кон дома и додека бил во движење пукал, но најверојатно паднал од мотоциклот, пиштолот му паднал на улица, а тој избегал.

Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред отприлика еден месец соопшти дека истрагата за Костадиновски е сè уште во тек и се преземаат низа криминалистички дејствија.

Тоа што е досега познато, како што посочи министерот, е дека се упасени две лица во однос на овој предмет и дека е поднесена кривична пријава за грабнување.

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син. Тој не престана да го бара своето дете и овој случај најверојатно се поврзува со исчезнувањето на Самоил.

Би можело да ве интересира

Шест безживотни тела на виетнамски државјани се пронајдени во хотел во Бангкок

(ВИДЕО) Пукано е во Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија

A1on

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Престрелка во Башчаршија, едно лице е рането

Горан Наумовски

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот