(ВИДЕО) Бошкоски: Се водат преговори за формирање на десен блок

Од:

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски на паузата на Централното Собрание кажа дека во тек се преговори на политичките партии за формирање на десен блок кој би настапил на предвремените парламентарни избори закажани на 11 декември.

– Имаме Централно сорание на кое треба да се потврдат одлуките да се оди на предвремените парламентарни избори. Се уште сме во преговори со политичките партии од центарот и десничарскиот блок со кои е природно да коалицираме доколку се исполнети условите, рече Бошкоски.

На прашањето дали има соработка со ВМРО-ДПМНЕ или партиите на власт, Бошкоски рече:

Јас сум еден од основачите на ВМРО, нашата програма и првиот член на нашиот статут вели дека сме дел и наследници на вмровската идеологија, тоа е нашата матрица, нашата матрица е вмровска.

Ние не сме престанале да соработуваме со членството на ВМРО, тоа е нашатата покрепа и иднина рече Бошкоски.

На централното собрание адвокатот Константин Кратовалиев беше избран за потпретседател на Обеединети за Македонија, а беа избрани и претседатели на жените на ОМ како и на младите на ОМ.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска