(ВИДЕО) Бошкоски: Обвинетите сигурно ќе одговараат за бруталноста при моето апсење

Од:

Моето апсење беше бруталитет пар екселанс за кој сигурно ќе одговараат обвинетите. Се надевам дека судот во тој правец ќе ја води постапката, транспарентна и праведна, рече оштетениот Љубе Бошкоски по денешното прво рочиште за неговото апсење во кое првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков,а исто така се обвинети и шестте припадници на единицата „Алфа“ кои го извршуваа апсењето.

Во воведните зборови на денешното рочиште, одбраната на обвинетите изјави дека тие постапиле на таков начин бидејќи лидерот на Обидените за Македонија, Љубе Бошкоски, пружал отпор при неговото приведување, што е спротивно на она што го пишува во обвинителниот акт кој го презентираше Специјалното јавно обвинителство.

-Дали сум пружал отпор ќе видиме од доказните материјали кои ќе бидат пуштени во судницата. Бевте сведоци како приведувањето беше брутално малтретирање и доведување по втор пат како во некој режиран филм затоа што некоја камера од некоја македонска телевизија тоа не го снимила во првото мое апсење. Денеска обвинетите зборуваа за невиноста и непочинетото кривично дело, јас се надевам дека судот во една правична постапка ќе го докаже спротивното, рече Бошкоски.

Тој во текот на рочиштето се изјасни дека ќе бара материјална оштета од обвинетите доколку се докаже дека тие се виновни, но не ја кажа точната сума.

-Материјалната побарувачка е најмалку важна, не сме тука за материјалната штета, туку за штетата која ми е нанесена мене, на моето семејство, на мојата политичка партија во овој полициско-политички монтиран процес за кој впрочем се изјасни целиот демократски свет, почнувајќи од Стејт департментот до невладините организации како Хјуман рајтс, вели Бошкоски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Со ослободувањето на Мијалков и „алфите“, судијката Александра Ристеска ја демонтира третата „бомба“ на Заев

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: „Алфите“ кои го апсеа Бошкоски со пиштол на образ си честитаа слобода со Мијалков

Кристијан Ландов