(ВИДЕО) Бошкоски: Не можам да се откажам од ВМРО

Од:

Обединети за Македонија се крева од пепелта по една деценија заробеништво во Македонија, откако минатата власт се обиде да не уништи како партија, рече Љубе Бошкоски на отворањето на вториот партиски штаб во Охрид.

– Деновиве гледаме еден лидер кој така уште се нарекува, во интервју, зборува како ние кои сега сме власт, велат дека ќе сме го продаделе јазикот дека Македонија ќе била бинационална држава дека Македонија ќе го даде Уставот, името и дека се за што тој се борел, Македонија ќе изгуби. Притоа заборава дека токму тој се служеше со овие методи и не случајно го нарекував него и тие околу него политички чудовишта. Освен со сеење страв и омраза не можеа поинаку да владеат со Македонија.

Ние не се бориме за Македонија во која стравот ќе владее и за чудовишта кои излегуваат од црни џипови со црни мисли, тоа време е минато.

Ме критикуваа дека многу сум го споменувал ВМРO-ДПМНЕ. Не можам да се откажам од ВМРО, политичката партија во која членував две децении, од македонскиот код на чии темели ја градиме платформата на нашата политичка сила Обединети за Македонија. ВМРО е нашата матрица, нашата судбина и шифра на опстојување на македонскиот народ, без разлика на која политичка партија и припаѓаме.

Бошкоски најави дека до крајот на годинава ќе се отворат партиски штабови во сите градови на Македонија.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

A1on

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

A1on

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

A1on

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ