(ВИДЕО) Бев да берам дренки, седнав на патот и ме нападна мечка: Сведоштво на Минче Рамчески

Од:

Бев да берам дренки, најдов некоја и си седнав на пат, стапчето го оставив до мене, а одеднаш се појави мечка. Вака седумдесет и шестгодишниот Минче Рамчески од Пласница ја раскажува приказната за нападот од мечка во Горно Село.

Мечката го каснала за левата слабина, а тој почнал веднаш да бара помош. Откако ловџии почнале да пукаат во воздух, мечката избегала.

„Полека со стапчето појдов и стигнав до Горно Село, тоа старо село е. Тука барав дренки, најдов понекоја и седнав на патот. Така си седев, кога одеднаш, не знам како се најде тука, пред мене се појави мечката. Ме турна, ме легна долу и јас само се пазев. Сакав да ѝ дадам отпор, ама не можев, што да правам. Се исплашив многу. Кога ме турна почнав да викам „помош, помош, помош“. Не ме држеше многу, не поминаа три секунди и веднаш си замина. Бев многу исплашен, ми течеше крв. Така останав здрвен некое време, па се освестив“, раскажува Рамчески.

Потоа телефонски побарал негов соселанец кој, пак, веднаш дошол на местото за да му помогне.

Овој разговор го објави Центарот за управување со кризи, а го води директорот Стојанче Ангелов. Рамчески на Ангелов му се жали дека досега никогаш не видел мечка во неговото село.

Би можело да ве интересира

Детали за нападот врз резиденцијата на Џ.Д. Венс: Тајните агенти слушнаa бучава, а потоа и тресок

(ВИДЕО) Уапсен е монструмот што избоде баба пред 3 годишниот внук – пред 2 месеци излезе од затвор

А1он

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Нападнат е фудбалерот Вујадин Савиќ

Инцидент во Германија: Мајка и четири деца се тешко ранети, напаѓачот е во бегство

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ