(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Од:

Втор ден од учебната година а родителите на децата со потешкотии се се повеќе гневни затоа што и денес нема образовни асистенти. Нивните деца се дискриминирани на почетокот на учебната година! Наместо во училишните клупи, седат дома бидејќи министерката за образование, Весна Јаневска, не ја заврши навреме постапката за вработување на образовните асистенти, изјави Весна Баковска од Комисија за образование на СДСМ.

„Родителите се во агонија како да ги организираат секојдневните обврски бидејќи нивните деца не може да следат настава, а министерката наместо да покажае разбирање и емпатија, ја лаже јавноста дека проблемот ќе биде решен деновиве. Процедурата за вработување на образовните асистенти започна пред неколку дена и ќе трае цел септември, што значи дека децата со посебни потреби од настава ќе изгубат месец дена. Уште поголем проблем ќе биде ако по месец дена добијат нов асистент кој ќе треба да го прифатат и да се прилагодат. Весна Јаневска да престане да лаже! Зема над 115.000 плата! 3,5 пати поголема плата од наставниците и професорите, и требаше со време да мисли на децата со потешкотии и на нивните семејства пред почетокот на учебната година – рече Баковска.

Би можело да ве интересира

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Костадиновска Стојчевска: За 91 отсто е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ