СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Од:

Мицкоски го претстави изборот на Македонија во Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како „историски успех“ и голема дипломатска победа. Ова е класичен пример на PR и пропаганда во отсуство на реални резултати. ЕКОСОК има 54 членки, а секоја година се бираат 18 нови членки за мандат од три години. Тоа е рутинска процедура во рамките на Обединетите нации, а не некој посебен дипломатски подвиг, велат од СДСМ.

– Oвој избор е резултат на долгорочна дипломатска работа која ја воделе повеќе влади, а не само актуелната. Наместо да се фокусира на вистинските приоритети, владата на Мицкоски и Муцунски се обидува да создаде илузија на некаков голем успех преку вакви рутински дипломатски активности. Вистински успех за Македонија би било почеток на преговори со ЕУ, да се продолжи европскиот пат на земјата.

Тоа би значело реално отворање на можностите, нови инвестиции, подобар животен стандард и перспектива за младите. Наместо тоа, граѓаните добиваат тригодишен мандат во една комисија на ОН и голема пропагандна кампања. СДСМ уште одамна порачува: доста е со мачкањето очи. Владата нема резултати во европските интеграции, затоа се обидува да ги претстави обичните дипломатски активности како големи победи. Граѓаните не заслужуваат пропаганда – заслужуваат резултати. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта