Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

Од:

СДСМ бара јавниот обвинител Ненад Савески да го повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и да побара од него да ги достави доказите за кои јавно тврди дека ги поседува во врска со случајот „Мазут“, вреден 167 милиони евра.

На прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, потсети дека Савески на брифинг со новинарите изјавил дека предметот може повторно да биде активиран доколку се појават нови околности или релевантни докази.

„Само неколку часа по оваа изјава, Панче Тошковски во телевизиско интервју рече дека има докази кои јавноста не ги знае и дека сите ќе бидеме шокирани. Дали е повикан да ги достави тие докази?“, праша Димитријевиќ.

Од СДСМ велат дека токму во овие изјави се наоѓа решението за повторно отворање на случајот и очекуваат обвинителството да постапи по јавно изнесените тврдења.

Опозициската партија постави и низа прашања поврзани со работата на правосудните институции, меѓу кои и дали постои договор меѓу премиерот Христијан Мицкоски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски.

„Во Македонија нема правда, туку целосно партизирано судство и обвинителство. Тоа го констатира и Европскиот парламент, кој во својот извештај нотира дека нема напредок во владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата“, изјави Димитријевиќ.

Тој го обвини премиерот Мицкоски за мешање во работата на обвинителството и судството преку јавни настапи и најавување истраги и политички прогон.

Од СДСМ порачаа дека нема да се откажат од случајот „Мазут“ и дека ќе продолжат да бараат негово повторно отворање. „Еве му шанса на обвинителот Савески – нека го повика Тошковски да ги донесе доказите и предметот повторно да биде активиран“, порача Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Савески: Сите кандидати се докажани професионалци, во тек се изборите за нов шеф на ОЈО ГОКК

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?