СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Од:

Во Општина Карпош денеска свечено беше пуштен во употреба нов пливачки базен, а на настанот покрај премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски присуствуваше и заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски.

На отворањето не беше присутен градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со неговото отсуство, премиерот Мицкоски изјави дека станува збор за лична тема која не сака јавно да ја коментира.

„Тоа се лични моменти и не би сакал да коментирам и ги осудувам сите оние политички глодари кои што на туѓата мака се обидуваат да добијат политички поени“, изјави Мицкоски.

Опозицискиот СДСМ побара одговори за отсуството на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и оцени дека доколку општината не може нормално да функционира, потребно е распишување предвремени локални избори.

На прес-конференција, претседателот на Општинската организација на СДСМ – Карпош, Панче Милевски Панта, рече дека јавноста веќе еден месец нема информации за градоначалникот и побара појаснување за неговиот статус.

„Карпошани со право прашуваат каде е градоначалникот на Карпош, до кога трае неговото боледување и кој ја води општината во негово отсуство“, изјави Милевски.

Од СДСМ тврдат дека граѓаните се соочуваат со влошени јавни услуги и комунални проблеми, додека, како што велат, нема доволно информации за функционирањето на општинската администрација.

Милевски постави и прашања дали е поднесена оставка од градоначалникот и дали граѓаните се навремено информирани за состојбата во локалната самоуправа.

Тој се осврна и на денешниот настан за отворање на базен во Карпош, на кој присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека Лукровски не бил присутен.

СДСМ изрази загриженост и за финансиската состојба на општината, прашувајќи дали се обезбедени средства за редовно функционирање и исплата на плати, како и дали е можен нов ребаланс на буџетот.

„Ако Општина Карпош не може нормално да функционира, тогаш единственото демократско решение се предвремени локални избори, на кои граѓаните повторно ќе одлучат кому ќе му ја доверат одговорноста да го води Карпош“, порача Милевски.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат