(ВИДЕО) Атанасов: Оваа власт мора да замине, со неа и екстерното и образовниот хаос

Од:

„Денеска, трета година по ред, Министерството за образование ги објави резултатите од екстерното тестирање. Затоа, сакаме уште еднаш да го повториме нашиот став за овој проект.

Екстерното тестирање како проект предизвика многу фрустрации, ги натера децата да учат на памет, тренираше строгост, ги измалтретира родителите и ги деградира наставниците.

Лошите законски решенија направија хаос во образовниот процес“, изјави на денешната прес конференција Петар Атанасов, член на Извршниот одбор и претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ.

„Останаа одредбите од член 97 од Законот за основно и член 70а од Законот за средно образование, каде што децидно е кажано дека „на наставник кој и по две години од добивањето на стручната помош, повторно ќе биде во групата на наставници кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели, му престанува работниот однос.“

Имено, пропишано е дека „решение за престанок на работниот однос на наставникот донесува директорот на основното училиште“ и дека наставникот може да се жали на суд.

Така, доаѓаме до главната цел на стратешкиот проект, таканареченото екстерно тестирање, кој Владата на Никола Груевски го смисли за да може да ги контролира и да ги брка од работа сите оние кои не се послушни и кои не ги спроведуваат нивните лудории.

И уште нешто, замислете, каква ќе биде вашата оценка од екстерното тестирање зависи од добрата волја на Владата. Министерството за образование секоја година ги менува маргините за освоени поени и освоена оцена. Годинава критериумите се построги од минатата година.

Затоа овој проект треба веднаш да се укине а образованието да се ослободи од стегите на партијата на власт. Оваа власт мора да си замине, за да го вратиме достоинството на наставниците и професорите и да донесеме решенија за нормален образовен систем“, рече Петар Атанасов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните