(ВИДЕО) Арсовски: Антикорупциска да го испита додекувањето грантови од ФИТР

Од:

„Денеска сме повторно пред антикорупциската комисија да ја потсетиме на уште неколку сомнителни случаеви на корупција од страна на актуелните функционери на Владата на СДСМ.

Ги повикуваме и охрабруваме, а воедно и поддржуваме антикорупционерите да ги испитаат следниве случаеви на можна корупција во Владата на СДСМ“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме дека Фондот за иновации го имаше најкриминалното делење на грантови пред точно 10 месеци. Десетици фирми со блиски конекции до Владата добија грантови во вредност од неколку милиони евра, пари на граѓаните.

Ги повикуваме антикорупционерите да испитаат како беа првично доделени грантови на фирмата КАСТ ИНВЕСТ во која што еден од сопствениците е и Вицепремиерот Кочо Анѓушев која што доби над 160.000 евра од Фондот за иновации?

Како печатницата „Гинис” од Прилеп чиј сопственик е пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец доби 10 милиони денари грант од Фондот за иновации?

Како беше можно баш снаата на Цветанка Ласкова која е советничка на Заев, да добие дури 360 илјади евра државни пари за фирмата за информатичка технологија „Декодиск“ кои планирале да развиваат апликација?

Како беше можно баш претседателот на ОО Кавадарци Горан Тодоров, да добие 296.000 евра од Фондот за иновации за нова амбалажа и вкус на алое вера за фирма „Кодинг – Горска“ ДООЕЛ?

Како беше можно баш Александар Семенпеев, советникот на СДСМ во Општина Богданци, кој е и сопственик на печатницата „Софија“ ДООЕЛ Богданци, да добие грант од Фондот за иновации во вредност од на 1 милион денари.

Како беше можно баш фирмата „Т- сенс“ во којашто малцински сопственик е сопругата на министерот за култура Асаф Адеми да добие грант од 65 илјади евра за иновација за софтвер за продажба на производи на скандинавскиот пазар?

Јавното обвинителство за истите овие случаеви отвори постапки кои никогаш повеќе не беа споменати,односно беа само со една цел да се замаји и дефокусира јавноста па еве им простор на антикорупционерите ако се подготвени да ја спречат корупцијата да ги отворат овие случаеви и да ги сведат до самиот крај“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев