(ВИДЕО) Арсовска-Томовска: Електронски упис во градинка, училиште и факултет

Од:

Воспоставување електронски сервиси за упис во градинка, основно/средно училиште и на факултет, предвидува ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма која содржи 105 проекти од областа на информатичко општество и администрација.

Заменик-министерката за информатичко општество и администрација од ВМРО-ДПМНЕ Марта Арсовска Томовска денеска на прес-конференција појасни дека системите ќе овозможат размена на информации помеѓу апликантите и образовните институции, размена на податоци помеѓу самите образовни институции и пристап до резултатите од процесот за упис.

– При аплицирање на факултет нема да се приложуваат оценките од средно училиште, бидејќи истите ќе бидат достапни во системот. На овој начин родителите ќе можат од дома, побрзо, полесно и без турканици и стрес, да ги запишат своите деца во градинките или во образовните институции, рече Арсовска Томовска.

Ќе се изработи, најави, и онлајн платформа преку која најмладите ќе имаат можност да научат да програмираат во еден од најпопуларните програмски јазици. Се предвидува националниот портал за е-услуги да прерасне во централизиран портал за сите владини е-услуги, во кој ќе се интегрираат веќе достапните услуги и ќе се развијат нови во областите образование, здравство, социјална заштита, судство, градежништво, инспекциски служби и други области.

– Дел од проектите е и „Една точка за услуга“ наменет за граѓаните кои немаат можност или познавање на работа со компјутер, да можат едноставно да побараат и да добијат услуги од владините институции. Дополнително, во неколку други општини, каде нема подрачни единици на централните институции или услужни центри,  ќе се постават самоуслужни автомати, информира Арсовска-Томовска.

Таа го претстави и проектот од областа на реформата на јавната администрација, наречен Програма за талентирани млади. Гледањето на големата слика, лидерството и ефективната комуникација, управувањето со квалитетни услуги, укажа, се само дел од компетенциите кои учесниците треба да ги стекнат за време на двегодишната програма за талентирани. Во текот на програмата, учесниците ќе посетуваат неколкумесечни турнуси во кабинетите на членовите на Владата и на други функционери и ќе бидат подложени на циклус обуки во земјата и во странство.

Според Арсовска-Томовска, програмата на ВМРО-ДПМНЕ треба да обезбеди развој на електронските комуникации, на владината ИТ инфраструктура и воведување на современиот концепт на работа во облак технологија, воведување интероперабилни системи во и меѓу државните институции,…

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања