ВИДЕО: Аргументи зошто ГТЦ да не се менува

Од:

ГТЦ како нераскинлив дел од идентитетот на градителското, историското и културното наследство на Скопје и истиот не смее да се промени, стои во иницијативата „Го сакам ГТЦ“ од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Тој како еден од најдобрите примери за адаптација на постојаното урбано ткиво е симбол на модерната архитектура.

„Кулите во ГТЦ постоеле пред тој да се изгради, а тие се толку добро адаптирани што денеска луѓето мислат дека тие се дел од проектот“, објаснија од Прва Архи бригада за А1он.

Трговскиот зема една улица, оска на градот која постоела предходно, но самата негова изградба не ја нарушува оската.

„Целата поента тој да се затвори како објект е урбанистички не издржана бидејќи таму треба да има објект кој што практично не постои“, велат од Прва Архи бригада.

Сите несоодветни промени на ГТЦ се сквернавење на личните спомени и истории на граѓаните, а тој е еден од личните објекти на луѓето во градот. Иако е приватен тој има една многу важна функција, а низ него има неколку улици низ кои секојдневно реки луѓе одат од едната на другата страна на градот, вели за А1он историчарот на уметност Никола Писарев, додавајќи дека тој како обележје на Скопје бил граден со визија за 30/40 години напред, а отворените трговски центри се тенденција на 21 век.

Квалитетите на еден град се различните слоеви на архитектурата, а слоевитоста на градовите е за да се види дека постоеле во различни временски периоди кои се прецртани со архитектурата. Од Прва Архи бригада објаснуваат дека ГТЦ како објект е нема односно глува зграда бидејќи таа не постои.

„ГТЦ не е објект кој на човекот му прави влез и излез или пак некаква пречка во просторот. Тој е зграда која воопшто не ја приметуваш и ти овозможува секакви дијагонални движења во просторот“, потенцираат тие.

Идеата за петицијата која денеска се потпишува како и за протестот кој ќе биде во 19 часот е јавноста да се ангажира не само за прашањата околу затворањето на ГТЦ туку и околу укинувањето на јавните простори. Граѓаните велат дека ако ГТЦ треба да се реконструира треба се зачува автентичниот изглед, како и дека не сфаќаат зошто барокот се зима како карактеристичен белег на Скопје кога сите го знаеме градот со други белези дури посари и од барокот.

„Требало да смислат нешто наместо да создаваат некаква копија која не е карактеристична за нашево поднебје“, вели жител од кулите во ГТЦ.

61% од објектот е јавен простор, што не е типично за трговските центри бидејќи вообичаено е поголемиот дел да е комерцијален, па затоа луѓето ГТЦ го чувствуваат како личен.

Приказната на модерното живеење и конзумеризмот бара во трговските центри да постојат јавни простори, простори за дружење, простори за социјализација и исполнување на културните потреби на конзументите, објаснува Писарев, велејќи дека ја поддржува иницијативате бидејќи ние имаме еден таков простор кој не сакаме да го уништиме.

„Со затворањето на ГТЦ станува збор за поништување на обичајното право за попречување на правото за слободно движење“, вели Писарев.

„Идеата еден трговски центар што е повеќе јавен простор отколку комерцијална содржина е многу моќна, затоа ние сакаме ГТЦ да остане градски“, порачуваат од Прва Архи бригада.

Авторот на проектот Живко Поповски во еден напис за „Млад борец“ во 1990 година за градот ќе рече:

„Скопје е како турлитава полна со различни национални, социјални, културни и економски содржини. Во неа ќе се „печат“ сите македонски проблеми. Потребна е умешност сè подеднакво да биде „печено“. Не смее ништо да „изгори“ за да не се расипе вкусот на сета тава“.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов