„Деновиве во јавноста се појавија информации дека Општина Тетово, управувана од ДУИ и СДСМ, само еден ден по изборот на новата влада, на 31 август 2020 година, го измени Деталниот урбанистички план, овозможувајќи изградба од која се очекува профит не помалку од 200 милиони евра“, вели Хисни Исмаили од АлтернАтивА.
„Имајќи таква информација и знаејќи дека сопственикот на таа локација е позната личност по антиевропските и антиатлантските агенди, се поставува прашањето дали тој бил кум на формирањето на оваа влада и дали тоа е цената што ги обединила тие кои за време на предизборната кампања се навредуваа едни со други? Покрај тоа, г-ѓа. Теута Арифи мора да одговори кој е најголемиот добитник на овој бизнис и кому му служи овој бизнис? Таа и нејзиниот персонал мора да ù одговараат на јавноста за каква цена е направена оваа измена, кои се вистинските добитници и зошто Општина Тетово реализира ваква соработка со лицата кои се финансиери на антиевропските и антиатлантските агенди? Дали овие средства ќе бидат потрошени на такви агенди и ако е така, што ја поврзува оваа влада и оваа управа на Општина Тетово со овие агенди?
Ако овие се принципите врз кои ќе работи оваа влада и нејзината локална самоуправа во Тетово, не можеме а да не заклучиме дека владеењето на биномот СДСМ-ДУИ е длабоко вклучен во криминал и корупција, додека – уште полошо од тоа – работи тајно или јавно за агенди што се спротивни на албанските и државните стратешки интереси“, рече Хисни Исмаили на денешната прес-конференција.