(ВИДЕО) АлтернАтивА: Наставата да започне во јануари 2021 година

Од:

АлтернАтивА смета дека наставата во училиштата треба да започне во јануари 2021 година, наместо на 1 октомври. Со оглед на тоа дека, според сите предвидувања, на есен се очекува нов бран на пандемијата на вирусот Ковид-19, секој почеток на наставата во тоа време би бил ризик за инфицирање на децата и ако тоа резултира со непожелни последици, тоа би било фатално за целата држава, предупредуваат од партијата.

„Во оваа прилика изјавуваме дека и ние сме против т.н. онлајн учење, бидејќи поранешниот министер за образование и наука и неговиот персонал, и покрај доволниот неколкумесечен простор, не развија никаква дигитална платформа, што би била успешна за организирање на таквиот вид настава. Покрај тоа, воопшто не е излишно да се каже дека дури и оној дел од наставата што беше реализирана онлајн во второто полугодие од минатата учебна година, беше скоро фијаско.

За да не ни се повтори неуспехот од т.н. онлајн настава и за да немаме поголеми болки од инфицирање на учениците и, не дај Боже, со фатални последици, АлтернАтивА предлага наставата да започне во јануари 2021 година (кога сметаме дека ќе заврши и вториот бран на пандемијата) и да заврши на крајот на јуни, што подразбира и физичко присуство на учениците и наставниците. Се разбира, ова значи скратување и прилагодување на наставната програма, како и целосен скрининг на учениците и наставниците за што ќе се грижи Министерство за здравство.

Секако дека здравјето е пред сè, но не смееме да бидеме несериозни дури и со едукацијата на младите во нашето општество“, додаваат од партијата.

Би можело да ве интересира

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

Предраг Петровиќ

Ќе се почувствува молњата што доаѓа: Алтернатива, Беса и Демократско движење од следната недела официјално

Талат Џафери, ДУИ и Алијанса го спасуваат Љубомир Јовески од интерпелација тврди албанската опозиција

Катерина Ѓуровски

Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството

Предраг Петровиќ

Алтернатива: Оној што верува дека Албанец ќе ја отпее македонска химна има сериозни проблеми со реалноста

Орце Костов

Меџити, Касами и Гаши на средба за да ги дружат силите