(Видео) Алаѓозовски: Подготвен е нацрт на колективниот договор за вработените во културата

Од:

СДСМ подготви Нацрт на колективниот договор за вработените во културата, изјави попладнево на прес-конференција, претседателот на Комисија за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски, по најавите за организирање на протестен марш поради отсуството на општ колективен договор.

Од владејачката партија велат дека ги исправаат децениските неправди кои биле нанесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Колективен договор за култура, како што посочи Алаѓозовски, последен пат бил потпишан во 2005 година помеѓу СОНК- Самостоен синдикат за образование, наука и култура на РСМ и Министерството за култура. Во овој период, нагласи Алаѓозовски, многу често биле доделувани бруто коефициенти за пресметка на плата на нововработени кои не биле во согласност со Колективнот договор, туку коефициентите биле носени субјективно, истото се постапувало и кај новоформираните институции од областа на културата, за нововработените лица.

„СДСМ подготви Нацрт на колективниот договор за вработените во културата, откако во претходниот период се одржаа повеќе средби и консултации со претставниците на синдикатите и на установите во културата за решавање на најургентните потреби и проблеми што произлегуваат од работниот однос на уметниците и другите вработени во културата. По повеќегодишен застој се унапредуваат правата на вработените во културата. Владата предводена од СДСМ останува посветена секојдневно да работи исклучливо во интерес на државата и граѓаните“, нагласи Алаѓозовски.

Тој истакна дека владејачката партија извршила нивелација по работни места по дејности во институциите од областа на културата, со што 2.899 лица ќе добијат повисоки плати.

„Со Ребалансот на буџетот за 2019 година се зголемија средствата наменети за исплата на платите на вработените во установите од областа на културата за 146.321.000 денари, заради спроведување на процесот на нивелација на платите во установите од областа на културата или за 13,79 отсто во однос на одобрените средства за плати со Буџетот за 2019 година. При изработката на пресметката се утврди дека вкупниот број на лица кај кои би се јавило зголемување на платите изнесува 2.899 лица“, рече Алаѓозовски.

Додаде дека Министерството за култура веќе извршило подобрување на состојбата со платите во установите од областа на библиотечната, заштитата, музезејската и аудио визуелната дејност по основ на законски стекнатите стручни звања и распореденост на соодветни работни места.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи