Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

Од:

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално отсутен и очигледно незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги – културните работници. Веднаш по стапување на функција, тој го сврте грбот на сѐ што значи култура во Република Македонија. Министерот очигледно не ги разликува колективните договори, нивната важност и примена. Му укажуваме дека Колективниот договор за култура не е еден од најдобрите во Република Македонија, напротив далеку од тоа. Истовремено, Општиот Колективен договор за јавниот сектор, кој е донесен подоцна, важи за сите вработени во културните институции и неговите одредби задолжително се применуваат, велат од Левица.

„За на јавноста да и биде појасно, најголем проблем со испразнетите буџети произлегува од членот во Општиот колективен договор кој предвиде зголемување на платите на културните работници од 10 проценти, почнувајќи од септември 2023 година. Министерството за култура најпрвин го имплементираше ова право и ги зголеми платите за подоцна да донесе решенија со кои истотот зголемување го суспендираше..

За да биде поуверлив во своите настапи, министерот-глумец дури сам си ги спонзорира на социјалните мрежи своите настапи од собраниската говорница, нешто налик на самопромоција, имајќи во предвид декана културните работници повеќе не им се интересни неговите улоги.

Ароганцијата оди дотаму што министерот јавно коментира судски одлуки од собраниска говорница и тоа на неправосилни пресуди кои културните работници ги добија во прв степен. Но, познавајќи го карактерот на владеачката партија и нејзините тесни врски со судството, сосем е можно повисоките судови да ги укинат првостепените пресуди, а не да ги поништат како што тврди неинформираниот министер.

Но, самиот факт што министерот за култура ги изложи своите колеги на судски процеси треба да му биде јасена слика дека води политика спорот на интересите на културата и културните работници. Да не заборавиме и дека министерот ги остави културните работници без плата за време на празниците, без никакво соопштение или објаснување. Го повикуваме министерот да се вразуми и конечно да ги заштити стекнатите права на културните работници, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Сотирис Минас доаѓа во Македонија

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он