Мицкоски: Отворени сме за разговори за нов општ колективен договор

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека Владата е подготвена да седне на маса за подготвување нов општ колективен договор, со оглед дека досегашниот е веќе истечен.

Како што изјави на прес-конференцијата по постигнувањето договор за покачување на платите во администрацијата, ова е година кога Владата сака да воспостави ред и дисциплина во државата, а тоа, меѓудругото, рече, подразбира и решавање на ова прашање.

Во однос на фискалната консолидација, Мицкоски потсети дека оваа Влада наследила хаотична состојба. Ако во годината кога ја презема власта буџетскиот дефицит бил над 4,5 отсто од БДП, а минатата година изнесувал под 4 отсто, во 2026-та се очекува да се консолидира на 3,5 проценти.

-Имаме одговорно, домаќинско однесување и грижа за државната каса. Така ќе продолжиме. Некој можеби тоа го коментира како штедливо однесување, но, ние мора така да се однесуваме зашто товарот и сите обрвски што го наследивме, долговите кои мора да ги сервисираме, се историски огромни. Годинава треба да вратиме или да презапишеме 2,5 милијарди евра, следната година можеби нешто повеќе бидејќи ќе ни се префрлат од 2028-ма кога ќе имаме техничка Влада. Имаме навистина голем товар, но тоа е што е, нема да кукаме и да повторуваме на секоја прес-конференција. Тука сме да се бориме, да покажеме карактер и мислам дека со вакви храбри чекори покажуваме карактер. Ова на што се обврзуваме како Влада и ќе го испорачаме. Во однос на Општиот колективен договор, тој е истечен, а ние сме подготвени да седнеме и сето ова да го ставиме во рамка, за да немаме 4 – 5 документи врз основа на кои ќе се повикуваме при пресметка на плати или евентуални судски процеси. Ние сме подготвени да седнеме и ова да го врамиме. Ова е година кога сакаме да воспоставиме ред и дисциплина во државата. Меѓудругото мислиме и на ваков тип консолидирање, на односите со нашите коелги, на фискална консолидација, намалување на сивата економија…, истакна премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

Автопатот Прилеп – Битола добива приоритет, Мицкоски најави пуштање на првите 10-12 километри