Ќе му се обратам нему затоа што денес повторно ме изнервира и уште полошо, докажа дека во неговата догматска глава ништо не влегува, дека ништо не сфаќа. Немам надеж дека и овој пат ќе разбере, но сакам да му порачам, ако продолжиш вака ќе биде полошо за тебе, рече пред демонстрантите Роберт Алаѓозовски.
Има многу примери на градоначалници, претседатели, премиери кои што и покрај тоа што се одлични во своите мандати, не успеале втор пат, трет пат или четврт пат да ја освојат довербата. Во таа смисла, после 10 години, јасно е, Никола со тебе е готово. Ти можеш само да одбереш како ќе си заминеш и знај дека ќе биде и полошо, ама за тебе, рече Алаѓозовски.
Тој кажа тоа што Груевски го измислил како систем, како начин на владеење не е ништо спектакуларно, неразбирливо и потсети дека истото го има во извештајот на Прибе, во договорот од Пржино, како и во петте услови на Шарената револуција.