(ВИДЕО) Адвокатот на Илија Спасески го напушти судењето: Обвинителството заборави дека Пендиков е роден во Охрид и е македонски државјанин

Од:

Обвинителството ги предаде сите докази на судот во случајот „Пендиков“ меѓу кои и доставената нова медицинска документација од клиника во Бугарија поради која одбраната побара одложување на рочиштето за да се произнесе за доставените докази.

– Предлагам да се одложи затоа што ни треба време за проучување и да се подготвиме за прашања. Обвинителот спомна дека Пендиков е дојден од Бугарија специјално за ова судење, но заборави дека Пендиков е роден во Охрид и е македонски државјанин. Тоа што престојува во Бугарија е негов проблем, а не наш. Одбраната има право да ги добие сите докази и со оглед на фактот што ова дополнително вештачење во Битола дава одговор на некои прашања. Не ја знаеме содржината на тоа вештачење – побара адвокатот на првообвинетиот Илија Спасески, Димитар Цобоски.

Судијата Бојан Мартиноски ги прифати доказите на обвинителството, но го одби предлогот на одбраната дозволувајќи му на Пендиков да даде исказ по што Цобоски го напушти рочиштето.

Во судницата остана првообвинетиот Илија Спасески кој рече дека сака да се брани со адвокат и побара одлагање.

– На обвинетиот Илија Спасески му се дава поука дека доколку на следното рочиште не ангажира адвокат, истото ќе се одржи, а истото ќе се одржи и ако новоангажираните бранители на ист ваков начин ја напуштат седницата.

Рочиштето се одложи за 12 јули.

Би можело да ве интересира

Со распит на сведоци продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид

Горан Наумовски

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се чувствувал како Бугарин

Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

A1on

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

A1on