(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Имало страшно брзање да се поднесе обвинение, случајот Пендиков е политички

Од:

Адвокатот на Илија Спасески смета дека чинот на напуштање на расправата во Судот во Охрид за случајот „Пендиков“ е знак на револт и основно право на одбраната затоа што побарал да ги има сите докази на разгледување, вклучувајќи ги и измените во извештајот од медицинското вештачење.

– Имало страшно брзање да се поднесе обвинение. Иако и тогаш можеле да се обидат да направат прочистување на снимката, но не успеала, сепак поднеле обвинение и сега дополнително предлагаат докази. Тоа не може така. Денес мојот чин за напуштат на расправата е револт и тоа е основно право, право на одбраната да ги има сите докази. Не може ако има измена на медицинското вештање ние да не знаеме што да прашаме. Јас претпоставувам што има во тој извештај и се прашувам зошто Пендиков од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид наместо на максилофацијална хирургија во Скопје е однесен со владин авион во Бугарија, рече Димитар Цобоски.

Тој е убеден дека ова е политички случај.

– Од еден случај Пендиков се направи меѓународен и европски проблем. Истата вечер имало и друг настан каде што бил претепан човек од повеќе извршители, но тој случај не излезе во јавноста. За да не биде одлуката политичка тука сме ние бранителите и ќе се бориме за примена на законот. Ако врз основа на доказите се докаже дека е виновен, ќе си одговара тој што е виновен. Но, во обвинението стои против н.н. и тоа покажува се во овој случај – истакна Цобоски.

Следното рочиште на кое исказ на македонски јазик ќе дава и новопечениот Бугарин, Христијан Пендиков, ќе се одржи на 12 јули.

Би можело да ве интересира

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се чувствувал како Бугарин

Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

A1on

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

A1on

(ВИДЕО) Пендиков: Не се плашам, но добивам смртни закани

A1on