Алмир, Мартин Нешкоски и многу други знани и незнани имиња беа жртви на насилството како вид на политика која овој режим последните десет години ја спроведува во Македонија. Насилство кон студентите кои бараат подобар студентски стандард, насилство кон средношколците кои бараат укинување на екстерно, насилство кон новинарите кои пишуваат критички кон оваа власт, насилство кон секој граѓанин на оваа држава кој размислува со своја глава и поинаку од оваа власт. сето тоа за овие десет години секојдневно го гледавме, рече пред демонстрантите Едмонд Адеми.
– Оттука велиме дека нема да дозволиме понатаму било какво насилство против никого, ниту против студентите кои размислуваат поинаку, ниту против средношколците, ниту против новинарите, ниту против граѓаните кои имаат право да размислуваат со своја глава и поразлично од власта. Тоа е нормално, тоа е природно, во тоа е убавината на демократијата, рече Адеми.