ВИДЕО: 9 загинати, 16 повредени во нападот во Торонто

Од:

Најмалку 9 лица загинаа, а уште 16 се повредени откако возач со комбе се залета во пешаци во Торонто, потврди канадската полиција.

По нападот возачот се обидел да избега од местото, но полицијата го фатила и уапсила. Канадските власти не го соопштија идентитетот на напаѓачот, ниту неговата возраст.

На социјалните медиуми се појави видео од возачот како држи пиштол вперен кон полицијата. Тој бил совладан без ниту еден испукан куршум.

Инцидентот се случил во 13:30 часот по локално време на раскрсницата помеѓу улицата Јонг и авенијата Финч.

Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Годал одби да коментира за причините за нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“

ВИДЕО: Трамп жестоко и се закани на Европа поради Канада

Катерина Ѓуровски

САД ја заоструваат трговската војна со Канада: Трамп забрани увоз на пиво, алкохол, мотоцикли и млечни производи

A1on

Google го послуша Трамп: езерото Отарио го преименува во Америка

ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада, царините на Трамп го налутија Карни

Катерина Ѓуровски

Трамп го одложи воведувањето на царина од 50 отсто за Канада