(ВИДЕО) 11 Октомври: Борбата продолжува

Од:

„Смрт на фашизмот, слобода на народот!“, „Но пасаран“, се слушна денеска од Паркот на франкофонијата во Скопје. Иницијативата „Социјална секуларна Македонија“ го одблежа 11 Октомври, денот на почетокот на антифашистичката борба и 73 годишнината од нападот во Прилеп.

– Македонија не му должи на ниту еден херој, ниту од нашето време. Напротив, сите ние треба и сега, до крајот, колку што можеме да правиме за Македонија. А таа не е никаква апстракција, Македонија се конкретни луѓе, рече генерал Тодор Атанасовски

Овој ден треба да не’ потсети на борбата против фашизмот зашто тој е се уште околу нас, беше речено на денешното одбележување.

– Сведоци сме дека сите столбови на кои што таа антифашистичка борба ја градела оваа држава, еден по еден, сите се размонитираат и се уништуваат. Некој сака да ги замени со нови вредности, со некои нови идеали, со некои нови луѓе. Некои луѓе што беа поразени во Втората светска војна. Социјалната состојба во Р. Македонија е полоша од било кога, работнички права има малку или воопшто ги нема. Сите видовме како еден обид за штрајк на просветните работници заврши со неуспех и сите знаеме зошто заврши со неуспех – затоа што некој изврши притисок врз нив. Вториот столб, секуларноста на Р. Македонија е исто така загрозена. Цркавата се’ повеќе го презема доменот во јавниот и во приватниот живот на луѓето. Итретиот столб, република што значи правда за сите – сведоци сме дека во Македонија повеќе не постои, рече Васко Лазаревски, активист.

Џабир Дерала рече дека фашизмот се повампирува.

– Тврдам и убеден сум дека фашизмот нема шанси како што немаше шанси, и пред 70 години, затоа што пркосот и желбата за слобода се посилни од било каква деструктивна идеја. Го гледаме фашизмот буквално на секој чекор и тој поприма официјални размери. На вакви денови, време е да го почувствуваме пркосот во нашите гради, но да го задржиме и во останатите денови. Смрт на фашизмот, рече Дерала

Посетителите ја погледнаа и изложбата на активистички плакати изработени од дизајнерите: Фросина Цонева – Ивановиќ, Елена Јовановска и Небојша Гелевски – Бане, поставена во Мобилната галерија.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска