Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Од:

Во 2024 година македонските граѓани ќе имаат осум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, осум или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник.

Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на новогодишните празници, кога неработен ден е 1 јануари, понеделник. Втор неработен ден кој се спојува со викенд е 7 јануари, Божик, кој е во недела, но се префрла како неработен ден за 8 јануари, понеделник. Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и одмараат за христијанскиот празник Велигден, кога неработен ден за сите граѓани е 6 мај, понеделник, како и за 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, кој е неработен ден и е во петок.

Поврзување на празник со викенд има и на 2 Август, Денот на Републиката кој е во петок, како и за 8 Септември, Денот на Независноста, кој е во недела, но согласно Законот се префрла во понеделник. Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се поврзува со викенд, бидејќи, е во петок, како и 8 Декември „Св. Климент Охридски“ кој е во недела, но, неработен ден е понеделник 9 декември.

За сите граѓани неработни денови се и првиот ден на Рамазан Бајрам на 10 април (среда), Денот на трудот 1 мај (среда) и 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба кој исто така е во среда.

За граѓаните од православна вероисповед неработни денови се и 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (петок), Богојавление – Водици, 3 мај (петок), Велики Петок, пред Велигден, 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, и 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед неработни денови се и 1 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, и 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед, пак, неработен ден е 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

1 јануари (понеделник), Нова Година,

7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,

10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

1 мај (среда), Ден на трудот

6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

2 август (петок), Ден на Републиката,

8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

11 октомври (петок), Ден на народното востание,

23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,

19 јануари (петок), Богојавление (Водици),

3 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

1 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Би можело да ве интересира

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Вториот ден на Велигден, 10 април, неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Ана Ололовска